Нашето тело го претвора шеќерот во енергија, а количината што не ја користи, ја претвора во маснотии што потоа предизвикува дебелеење. Оваа тридневна детоксикација ќе го прочисти вашиот организам од вишокот шеќери.
За време на овој тридневен детокс, во исхрана вклучете овесни снегулки, риба, јаткасти плодови, пилешко, зеленчук и грчки јогурт.
Нема посебен план на исхрана, само одбегнувајте шеќер. За појадок можете да јадете овесна каша со грчки јогурт, а ако не ви се допаѓа вкусот, можете да вклучите и овошје. Овошјето содржи шеќер, но тој е природен, па затоа е дозволен.
Особено внимавајте да останете хидрирани за време на сите три дена од детоксикацијата. Пијте што е можно повеќе вода и незасладен чај, но ограничете се на една шолја кафе дневно, без шеќер, секако.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.