Џастин Тимберлејк оддаде почит на неговиот идол на Инстаграм.
„Беше тоа песната „Raspberry Beret“. Имав 4 години. Да, 4. Се сеќавам дека инстантно ја засакав“ – така започнува објавата на Тимберлејк во чест на Принс.
Музичарот продолжува со сеќавањата од неговата прва средба со легендата: „Мамо, кој пее? Се чини чудно, но е вистина.“
Поп ѕвездата продолжува понатаму со наведување на наследството кое го остави легендарниот музичар зад себе: „Повеќе од „еднаш во животот“ артист… Тој е „еднаш и засекогаш“ артист. Сè уште сум во шок додека пишувам со голема тага“.
„Но, сите ние треба да се тргнеме на страна од тоа и на му оддадеме почит на музичарот кој ги промени нашите животи, нашите перспективи, нашите чувства, целото наше битие. Од друга планета? Можеби. Крал, со сигурност. Вреден за нас? Смешно…“ – продолжува.
Пејачот потоа се враќа повеќе кон личниот аспект, објаснувајќи колку смешен и дарежлив бил неговиот идол.
„Ќе биде смешно да се каже дека тој ја инспирираше нашата музика. Повеќе од тоа. Тој е во секоја песна која некогаш сум ја напишал.“
Тимберлејк отсекогаш го цитирал Принс, покрај Мајкл Џексон, како еден од оние артисти кои го имале најголемото влијание во неговата соло кариера.
Тажен сум, но ќе се насмевнувам секогаш кога ќе помислам на секоја секунда кога сум имал среќа да бидам во негово присуство. Го загубивме најголемиот музичар, но музиката не смее да умре. Принс, ништо не се споредува со него…“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бил член на Јеховините сведоци – Принс не и дозволил на сопругата киретажа, иако имала спонтан абортус!
-
Трагедија од која пејачот никогаш не заздрави: Кога го виде нашиот син, насмевката му се претвори во ужас!
-
Џастин Тимберлејк спасител во нов филм на Вуди Ален
-
Кој сакал да го убие Принс – Фентанил пронајден во шишенца за Витамин Ц