| четврток, 6 декември 2018 |

За Заев работат хулигани од Србија, Грција и од Косово – ја губи и малата поддршка кај Македонците

boicka

Околу 2.000 хулигани продолжија вечерва со дивеењето низ Скопје, овој пат пред Владата. Но, тоа што е евидентно е дека заради слабиот одзив и поддршка кај македонскиот народ, на помош се дојдени голем број на лица од Србија, од Грција и од Косово, како поткрепа на екстремистите од БЕСА.
protesti-2nasilstvoАко некој се уште се прашува кому му одговара дестабилизација на државата, втурнување во уште подлабока криза, закани од Брисел за губење на европската препорака, особено по најавите за nasilni-protesti-denes-51072Украинско сценарио и таканаречена обоена револуција, доволно е да го погледне составот на оние кои се здружија во урнисување на севкупниот систем. Истиот тој состав СДСМ и СОРОС го користат против македонската полиција, која секојдневно е изложена на дожд од камења, шишиња и се што може да биде употребено како оружје.
sdsm-nasilni-protesti-pred-vladaВаквиот состав и соработка на соросовите платеници, организации финансирани од надвор, поткрепени со начините за почнување на нереди на Канвас, засилени со екстремистички албански групи, а сето тоа под превезот на СДСМ не води кон ништо друго туку рушење на севкупниот систем и инсталирање на СДСМ на власт, под меѓународна заштита од „чадорот“. Конечната цел е затворање на македонското прашање, со губење на идентитетот, името, културата и државата.
demolТоа е веќе спознаено од македонскиот народ кој годинава одбележува 25 години независна држава- идеал за кој пролеал реку крв. Токму затоа оваа генерација Македонци не застанува покрај Заев кој, втеран во немајкаде и од народот, но и од чадорот каде мора да ги испорача долговите, мора да се потпре врз таков неприроден состав на хулигани на кои ништо во оваа држава не им е свето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top