| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Еден човек можат да скршат, заедно илјадници сме нескршливи

Многу не има. 70-80 илјади Македонци дојдени да им кажеме и да им покажеме дека знаеме што е политика, знаеме кој ѝ сака добро на Македонија, а кој сака гајтан да ѝ стави на врат. Македонија е демократска земја. Македонија треба и може и мора да има избори и тие ќе ги имаме на 5 јуни, истакна аналитичарот Александар Пандов на вечерашниот масовен собир пред Собранието во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

pandov-gdom-sobranie

-Ги гледам спомениците околку мене и си мислам, луѓето- нашите браќа Македонци морале во минатото да зимаат оружје во раката за слобода. Сега ние таа слобода ја имаме благодарение на нив. Единственот нешто што треба да го направиме е да го земеме пенкалото во рака и на 5 јуни да го дадеме гласот за политичката опција во која веруваме. Политичката криза во Македонија само со избори може да ја решиме.

GDOM miting sobranie  (41) (Custom)

 

Тие кои во овој момет, додаде Пандов, протестираат и урнисуваат, се тепаат со нашите полицајци, треба да знаа дека Македонецот има трпение, но знае и памти кој што прави во Македонија. Единствено нешто што треба да направат е да прифатат избори на 5 јуни ако и сакаат добро на Македонија.

GDOM miting sobranie  (36) (Custom)

-Како ГДОМ, ќе испратиме барање до Уставен суд да донесе одлука за времено запирање на работа на сите граѓански здруженија, фондации и политички партии кои во моментов ја рушат и ја урнисуваат Македонија.

GDOM miting sobranie  (19) (Custom)

Еден човек може да скршат, кога сме вака заедно, илјадници сме нескршливи, рече Пандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top