| четврток, 6 декември 2018 |

Михајловски: 70.000 доста ли сме? Таман сме! Да им покажеме дека и ние сме народ (ФОТО+ВИДЕО)

Од сите страни на Скопје, повеќе од 60.000 граѓани маршираат низ скопските улици за одбрана на Македонија.

GDOM miting sobranie  (43) (Custom)

Масовен одзив на македонскиот народ на повикот на Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Реки од народ од повеќе страни се упатува кон Законодавниот дом, од каде ќе биде испратена порака за избори на 5 јуни и крај на кризата.

GDOM miting sobranie  (39) (Custom)

 

Пред насобраните Македонци предмалку се обрати Тони Михајловски од ГДОМ.

GDOM miting sobranie  (9) (Custom)

70.000 доста ли сме? Таман сме! Да им покажеме дека и ние сме народ! Само ако тропнеме со нозе, ќе им се истури кафето на Бихаќка, ама ние не сме дојдени за тоа. Тука сме да покажеме љубов. Им порачуваме – дојдовме толку, ќе дојдеме уште повеќе. И пак че ви кажеме само со љубов и мир можеме да ја решиме работата. Некој сака да не снема. Гадно се излажал, порача Михајловски пред насобраните граѓани кои мирно и свечено испраќаат порака за мир и разрешување на кризата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top