| четврток, 6 декември 2018 |

Започна големиот народен собир на ГДОМ – Моќно и сплотено за Македонија (ФОТО + ВИДЕО)

Огромен број на граѓани од Ѓорче Петров и од Аеродром се движат кон Собранието, каде што започна народниот собир на ГДОМ, за кој е најавено дека ќе биде најмасовен до сега.

Се веат македонски знамиња, се пеат патриотски песни. Ваква беше сликата и на минатите собири на ГДОМ.


-Граѓанското движење за одбрана на Македонија ги повикува сите граѓани без разлика на вера и нација вечерва од 19:00 часот да ни се придружат на големиот собир кој ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија. Ги повикуваме сите граѓани на Скопје, сите граѓани на Република Македонија да бидат дел од најмасовниот граѓански собир. Наша обврска и наша задача е да си ја заштитиме нашата земја, со разум, со разбирање и искрено знаење да допринесеме за враќање на патеките на напредок, сигурност, стоеше во објавата на ГДОМ.

Граѓаните вечерва ќе порачаат – ДА за избори на 5 јуни и НЕ за деструкциите на СДСМ и Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top