Бомбите што убија три лица и ранија 264 за време на Бостонскиот маратон биле активирани со далечински управувач за играчка-автомобил, соопштиле истражителите.
Преживеаниот брат, Џокар Царнаев при испрашувањето рекол дека инструкциите за правење на бомбата ги нашол неговиот брат од магазинот „Инспаер“, чијшто основач е американски свештеник со јеменско потекло Анвар ал Авлаки, кој бил водач на крилото на Ал Каеда во Јемен, а подоцна е убиен во напад со американско беспилотно летало. Текстот во списанието било со наслов „Како да направите бомба во кујната на вашата мајка“.
Дел од материјалите што биле користени за импровизираната експлозивна направа ги набавил постариот брат Тамерлан од продавница за пиротехнички работи во Њу Хемпшир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.