Бора Ѓорѓевиќ (63) го исполни ветувањето кое го даде минатата година и се ожени со својата девојка Дубравка Милаковиќ (40).

Intervju, za STORY 7/4/2015
На музичарот ова му е трет брак. Од првиот брак со Драгана ги добил синот Борис и ќерката Тамара. По разводот, Драгана во 2007 година е пронајдена мртва, а причина за смртта биле мешањето на лекови и алкохол.

Бора и Драгана
Бора не долго потоа се ожени со Александра, двојно помлада забарка од Америка, но се разведоа во 2014 година.

Бора и Александра
Подоцна се запознал со Словенката Дубравка со која започнале врска, иако некои медиуми минатата година пишуваа дека двојката се разделила. Бора кажа дека ќе се ожени и по трет пат но не открил која ќе биде невестата.

Бора и Дубравка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


