Фронтменот на популарната група „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (63), во вторникот навечер бил итно пренесен во белградската болница. Имено, пејачот добил асматични напади и бидејќи цел ден се чувствувал лошо, а не му помогнала ни пумпата што вообичаено ја користи, му се јавил на менаџерот Бане Обрадовиќ да дојде и да го однесе во болница.
„Во попладневните часови, Бора беше примен како итен случај со отежнато дишење и со нарушена свест. Лекарите го примија и ја доби соодветната терапија, по што се чувствуваше подобро“, вели близок пријател на популарниот пејач.
„Бев да посетам една стара пријателка со која долго се познавам, а се вика астма! Добро се чувствувам благодарение на грижата на лекарите и сега сум како нов“, вели Бора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.