| четврток, 6 декември 2018 |

Ласло Наѓ: Вардар е сериозна екипа и е претендент за фајнал-форот во Келн

Rakomet Vardar Vesprem 1 (Custom)

Вардар во сабота во „Јане Сандански“ го пречекува Веспрем во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Во пресрет на четвртфиналниот дуел кој е последен филтер за пласман на Ф4 турнирот во Келн, денсиот бек на унгарскиот шампион, Ласло Наѓ истакнува дека Вардар е незгоден противник кој знае да ја казни секоја грешка на протиовникот. Македонскиот и унгарскиот првак сезонава одиграа три натпревари меѓусебе во СЕХА лигата, последниот во финалето од ова регионално натпреварување и се противници што добро се познаваат.

– Нашата последна пресметка во финалето на Ф4 турнирот во СЕХА лигата покажа дека Вардар прераснува во значаен фактор во европската ракометна елита. Ф4 во ЛШ не е невозможна цел за нив. Тие се подобри во однос на ланската сезона, добро го студираат секој противник и ја казнуваат секоја грешка, имаат одлична игра во одбраната и знаат да изненадат со силен шут во нападот – изјави Ласло Наѓ за одфицијалниот сајт на Веспрем.

Капитенот на Веспрем нагласува дека за неговиот тим како лански финалист на завршниот турнир во Лигата на шампионите има обврска и цел годинава да се бори за уште повисок дострел.

– Ние не сме многу подобри во однос на лани, но тимот кој минатата сезона играше во финалето на Лигата на шампионите, има тешка задача годинава да оди уште повисоко – истакнува Наѓ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top