Екипата на РК Вардар в сабота ја започнува одисејата наречена фајналф-фор во Лигата на шампионите.
Трета година по ред „црвено-црниот“ состав ќе игра во четврфиналето од најелитното ракометно натпреварување. Откако две сезони за влакно им избега пласманот во Келн меѓу четирите најдобри екипи во Европа, оваа сезона на патот до најголемиот историски успех стои можеби најдобрата екипа на стариот контитент, Веспрем.
Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес како и сите во таборот на Вардарци посакуваат победа на првиот натпревар во СЦ „Јане Сандански“, но за да се оствари тоа ќе мора да се одигра над своите можности.
– Веспрем е одлична екипа, можеби најдобра во Европа. Способни се да ги победат сите противници каде и да играат. За да се стигне до триумф над нив ќе мора да се одигра феноменална одбрана, таа е клучот за успехот. Имаат одлични, цврсти и паметни играчи во одбраната, а нападот им го предводат вистински бомбардери како Наѓ, Илиќ, Палмарсон, Чема Родригез…Ако сакаме да успееме треба да играме максимално сите 60 минути бидејќи вториот дуел се игра во Веспрем. Не знам како ќе се одвива натпреварот, но знам дека ни треба помош од побликата, знам дека навивачите ќе навиваат како и секогаш. Играчите имаат голема желба, треба да имаме и самодоверба, зашто навистина сакаме да играме на Ф4, сепак ќе биде тешко, бидејќи тие имаат играчи како Наѓ, Илиќ, Чема Родригез…никогаш не се знае со нив – изјави Раул Гонзалес на денешната прес-конференција.
Тој не сака да се занимава со статистики и со бројки, тоа им го остава на луѓето задолежни со тоа. Вардар и покрај сите пехови и повредени играчи одигра максимално квалитетно во финалето на СЕХА лигата иако загуби со два разлика. Претходно на двапати во рамките од истото натпреварување и на гостински и на домашен терен резултатот беше израмнет. Секако дека добро е анализирана играта на Веспрем, и се очекува со помош од публиката која на овој натпревар треба да ја даде огромната подршка како и досега, може да се стигне до победа.
– Сезонава игравме таму во Веспрем, имавме и шанса за победа, но заврши нерешено. Лани, пак, имавме пораз од 10 разлика. Секој натпревар е различен, затоа нас не нѐ интересира што се случило лани или што ќе биде. Мора целосно да се фокусираме на натпреварот во сабота. Никогаш не можете да знете од напред што и колку ќе биде доволно. Ете со Хамбург пред две години тука беше нерешено, а таму победивме. За мене најважно е дека ние треба да победиме. Колку – не знам. Јас сакам да победам и со 10 ралзика, но мислам дека тоа е невозможно. Мора да се фокусираме, не е само овој натпревар, треба да играме и таму“, дополни Раул.
По скршениот палец, Филип Лазаров се приклучил на тренинзите дури вчера, така што тешко дека ќе може да му помогне на тимот. Горбок е во сѐ подобра форма, а останатите се здрави и подготвени за предизвикот, кој ќе се случи в сабота во 16.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.