Реал Мадрид дојде до значајна победа на „Сантијаго Бернабеу“ во рамките од 34.коло од Примера дивизија против Вилјареал од 3-0.
Атмосферата на стадионот и во екипата беше фантастична се до моментот кога најдобриот игра на „кралевите“ Кристијано Роналдо откако се пожали на болки во бутниот мускул на десната нога. Тој се обиде да направи атрактивни ножички, но притоа најверојатно и се повреди. Прашањето што сега ги мачи сите фанови на Реал Мадрид, е дали повредата на Роналдо е сериозна, со оглед дека само за шест дена „кралевите“ го играат првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер сити, а претстои и завршницата во Примера.
Веднаш по натпреварот биле направени детални анализи на повреденото место и заклучено е дека не се работи за нешто сериозно, но Роналдо, од превентивни причини би можел да го пропушти натпреварот против Рајо Валјекано в сабота од 16 часот. За Реал, во овој момент, многу поважен е мечот со Манчестер Сити во вторник, а сите во тимот се оптимисти дека нема да има пречки Роналдо да настапи на тој натпревар.Сепак, многу повеќе детали ќе се знаат во текот на денешниот ден кога Португалецот ќе треба повторно да биде прегледан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.