| четврток, 6 декември 2018 |

Нова балада на Даниел Крстевски (ВИДЕО)

По „Ти имаш се“, младиот и талентиран пејач Даниел Крстески сними нова песна со наслов „Да оживеам“.
Како и претходно, така и овој пат Крстески довербата му ја додели на Ристо Самарџиев, кој се потпишува како автор на музиката и текстот, додека пак аранжманот е дело на Владимир Дојчиновски.

13064028_10209525108984236_390914693_o

Крстески за новата песна сними и интересен видеозапис на неколку локации во Охрид, како што е хотелот „Белведере“ и еко-кампот „Дедо Илија“ во Македонски Брод. Покрај Даниел во спотот се појавува и преубавата Дијана Петкоска, а овој пат режисерската палка му припадна на Жарко Стојкоски.

13036577_10209525109104239_1618206731_o

– Снимањето помина во одлична и опуштена атмосфера и се надевам дека спотот ќе и се допадне на публиката. Следно на што работам е летна песна со брз ритам, а исто така се подготвува и песната за на Охридски фестивал- изјави Даниел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top