| четврток, 6 декември 2018 |

Е, тоа е љубов

Пес со скршено срце му остана верен на својот сопственик до крајот на животот.

На фотографиите кои неодамна беа објавени на социјалните мрежи може да се види како еден пес по име Доки од Чиле, лежи покрај телото на момчето кое починало откако автомобил го прегазил на улица.

Работниците од Брза помош биле многу трогнати од упорноста на песот и одлучиле да го забележат моментот и да го споделат на социјалните мрежи.

Несреќата се случила во близина на градот Консепсион. Починатиот Леонардо Валдес имал само 23 години, пишува „Дејли мејл“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top