| четврток, 6 декември 2018 |

Затоа е „принцот на Рим“, Тоти за две минути влезе во игра и постигна два гола за победа на Рома (видео)

Вонредното 34.коло во Серија А лигата во Италија донесе доста возбудувања. Главен играч на вечерашните осум натпревари на стадионите шурим Италија беше „принцот на Рим“, Франческо Тоти.

Иако не е во добри односи со тренерот на Рома Лучијано Спалети, „ќељавкото“ мораше да го внесе капитенот во игра во 86.минута по негативата која ја имаше „римската волчица“ од 1-2 во натпреварот против Торино.

Тоти најпрвин по само една минута го измрани резултот откако најдобро се снајде по еден прекин и уфрлање во казнетиот простор, а по само 120 секудни успешно реализираше пенал за целосен пресврт на резулатот од 3-2 и победа на Рома на четири кола до крајот од сезоната.

Претходно Торино се покажа како тврд орев, на двапати водеше со 0-1 и 1-2, но не успеа да си замине со цел плен од главниот град на Италија. Стрелци на двата гола за гостите беа Белоти од пенал и Мартинез. За израмнување на 1-1 успешно стрелаше Манолас.

Јувентус е на само чекор од титулата во Серија А, откако во 34. коло славеше убедливо со 3-0 против Лацио, па повторно е на девет бода од второпласираниот Наполи на четири кола до крајот на првенството.

Марио Манџукиќ и Дибала, кој постигна два гола, ја донесоа победата на „Старата дама“.

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски го одигра целиот натпревар за Палермо, кој ремизираше (2-2) на домашен терен со Аталанта.

Палермо до крајот го чека тешка битка за опстанок. Тимот на Трајковски има 29 бода, два помалку од Карпи кој е во зоната за спас.

Горан Пандев, поради повреда е надвор од терените, а неговата Џенова стигна до голема победа против Интер од 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Де Мајо во 77. минута од натпреварот.

Резултати – 34.коло Серија А:

Рома – Торино 3-2

Киево – Фросиноне 5-1

Емполи – Верона 1-0

Џенова – Интер 1-0

Јувентус – Лацио 3-0

Палермо – Аталанта 2-2

Удинезе – Фиорентина 2-1

ТАБЕЛА: Јувентус 82 бода, Наполи 73, Рома 68, Интер 61, Фиорентина 59, Милан 52,…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top