| четврток, 6 декември 2018 |

Недозволена љубов причина за злостворството – во Волково пукал полицаец

Недозволена љубов е причина за вечерашното двојно убиство и самоубиство во Волково, велат првичните и неофицијални информации. Четириесет и петгодишен полицаец најпрво ги убил мајката и бабата на неговата љубовница, а потоа сам си пресудил.

Мажот најпрво ги убил жените кои што биле негови сосетки, по што и самиот си го одзел животот.

Станува збор за мајката (60) и бабата (80) на неговата љубовница. Убиството се случило околу 19 часот и 15 минути, известува репортерот на „ТВ Нова“ од терен.

На убиството му претходела расправија која завршила трагично.

Според официјалните податоци од СВР Скопје, убиството е пријавено во 19 часот и 40 минути. На трите безживотни тела имало рани од огнено оружје.

Се врши полициски увид, а на местото на настанот пристигна и јавен обвинител. Детали за злосторот, како и идентитетот на жртвите, ќе бидат објавени утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top