| четврток, 6 декември 2018 |

Јавен обвинител и полициски екипи на местото на злосторот во Волково

Полицијата се уште врши увид во село Волково, каде вечерва се пронајдени три безживотни тела со рани од огнено оружје. На местото на злосторот пристигна и јавен обвинител.

Се работи за тела на две женски и едно машко лице, чиј идентитет и возраст се уште не се откриваат.

Од СВР Скопје велат дека злосторот бил пријавен во 19.40 вечерва.

Неофицијално, се работи за двојно убиство и самоубиство.

Повеќе детали за случајот ќе има по завршениот увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top