Медоу Вокер, ќерката на трагично настраданиот Пол Вокер ќе добие 10 милиони долари отштета од семејството на човекој кој пред три години ја предизвика фаталната несреќа, пренесоа американските медиуми.
Меѓутоа, судската постапка, која ќерката на починатиот актер ја покренала против возачот на поршето се уште трае иако со истрагата е утврдено дека причина за несреќата е неприлагодената брзина, а не механички дефект.
Парите кои Медоу ќе ги добие ќе бидат упалтени на нејзин фонд од страна на семејството Родас со оглед дека таа е се уште малолетна.
Пол Вокер загина за време на снимањето на последното продолжение на успешната франшиза „Брзи и бесни“. Филмот беше премиерно прикажан во 2015 година, а на кино благајните ширум светот заработи 1.5 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.