| четврток, 6 декември 2018 |

„Порше“: Пол Вокер загина поради сопствена грешка

Германската автомобилската компанија „Порше“ и официјално се огради од смртта на актерот Пол Вокер. Во официјалниот одговот на тужбата, во која се тврди дека актерот загинал поради нерегуларности во нивниот модел „порше герера ГТ“, од компанијата велат дека Вокер починал поради сопствените грешки.

Компанијата тврди дека Вокер бил свесен за ризикот и опасноста во автомобилот, а исто така негираа грешки во дизајнот тврдејќи дека автомобилот на Родас бил злоупотребен и променет, што го предизвикало инцидентот кој довел до смртта на Вокер.

– Смртта на Вокер и сите други повреди и штети се резултат на неговите сопствени споредни грешки -наведуваат тие.

Истражителите тврдеа дека брзината е главна причина за настанувањето на несреќата, како и дека Родас во тој момент возел со брзина меѓу 130 и 150 километри на час.

Актерот познат по улогите во филмовите „Брзи и бесни“ беше совозач во автомобилот на неговиот пријател Роџер Родас кога удрија во столб, а потоа возилото се запали во Санта Кларита, Калифорнија, на 30 ноември 2013 година.

Неговата ќерка Мидоу Вокер поднесе тужба за смртта на својот татко против компанијата. Во тужбата 16-годишната девојка наведува дека Вокер бил убиен поради недостатоци во изработката на автомобилот, поради што останал заробен во возилото кое горело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top