Синоќа во НБА лигата беа одиграни два натпревара од првата рунда од плејофот, по еден во источната и западната конференција.
Екипата на Сан Антонио која важи за една од главните фаворити за титулата оваа сезона, повторно одигра феноменален натпревар победувајќи го Мемфис со 94-68.
Избраниците на Грег Попович го решија натпреварот уште по три четвртини со што во последниот период главните ѕвезди Олдриџ, Ленард и Паркер останаа на клупата, но и тоа не беше пречка да се дојде до убедлив триумф.
Како најефикасен заврши Пети Милс со 16 поени, а го следеше Каваи Ленард 13 постигнати поени, додека кај Мемфис најмногу се истакна Ален со 12 поени. Вреди да се напомене дека во отстуство на Гасол и Конли, Мемфис постави нов негативен рекорд – тимот го доживеа најтешкиот пораз, поточно даде најмалку поени во плејофот од 2004 година.
Втора победа во оваа серија од плејофот оствари и Атланта која на домашен терен славеше против Бостон со 89-72, па исто така сега води со 2-0. Во првиот период постигна само седум поени (24-7). Од 1954 година ниту еден тим немал толку лоша четвртина, а со седумте поени Бостон го урна рекордот на Јута од 1988 кога на меч против Лејкерс во период дале само осум поени. Главната разлика на мечот Атланта ја направи на стартот на мечот кога предводена од Корвер постигна неколку тројки по ред и се одлепи на недостижни +21. Во победата на Атланта се истакнаа Корвер и Хорфорд кои синоќа постигнаа по 17 поени. Најефикасен во тимот на Бостон беше Томас со 16 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)