| четврток, 6 декември 2018 |

Фидел Кастро: Умирам, ама идејата мора да остане!

Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро (89) се појави на затворањето на конгресот на Комунистичката партија на Куба.

На Конгресот неговиот брат Раул повторно е избран за преседател на Партијата во следните пет години, јавија кубанските медиуми.

Таткото на кубанската револуција Фидел Кастро,  во кусиот говор изјавил дека наскоро ќе умре и ги повика членовите на партијата да помогат идејата да опстане.

– Наскоро ќе наполнам 90 години. Ќе завршам како и сите други. Но, идеите на кубанските комунисти ќе останат како доказ на оваа планета, дека ако се работи со жар и достоинство, може да се произведат материјални и културни добра кои им се потребни на луѓето, и мора, без прекин да се бориме за тоа да го оствариме – изјави Кастро, кој на Конгресот дошол облечен во тренерки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top