| четврток, 6 декември 2018 |

Претставена новата јахта на „Mercedes-Benz“ (фото)

1

Во 2012 година за време на саемот во Монако, „Mercedes-Benz“ го претстави својот нов концепт за јахта. Пред неколку дена компанија ги покани медиумите во Јужна Франција, за да го видат веќе готовиот модел.

Јахтата е изграден заедно со производителот на јахти „Silver Arrows Marine“ и го носи името „Mercedes-Benz Arrow460-Granturismo“.

Од овој модел ќе бидат произведени само 10 јахти, со тоа што во една земја нема да има повеќе од една јахта од овој модел.

Таа е со должина 14 метри и се придвижува од два дизел мотори „Yanmar“, а секој од нив е со моќност 480 коњски сили. Јахтата може да развива максимална брзина од над 40 јазли со лесен товар.

2

Внатрешноста, која сеуште не е завршена, ги пренесува специфичните карактеристики за „Mercedes“ на отворено море, со употреба на орнаменти од велур и дрвени панели од еукалиптус.

Од „Mercedes“ исто така изјавиле дека секоја јахта ќе биде уникатна, што ќе овозможува бескрајни модификации, но мора да се придржуваат кон принципите на двете марки.

Јахтата е дизајнирана со капацитет до 10 лица. Таа има луксузна бања, посебна просторија за пресоблекување, климатизација, висококвалитетна аудио опрема, винска визба и машина за мраз.

3

Цената на јахтата засега не е позната, но според некои информации основниот модел ќе се продава за 1,7 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top