Американскиот технолошки гигант „Интел“ објави дека ќе укине 12 илјади работни места. Најголемиот светски производител на компјутерски чипови планира да ги консолидира своите редови, односно рестроктуирањето ќе биде глобално.
Во следните 12 месеци треба да бидат отпуштени 11 отсто од вкупниот број вработени и некои високи директорски позиции исто така ќе бидат укинати, се наведува во соопштението на „Интел“.
„Интел“ се соочува со проблеми во време кога опаѓа побарувачката за лични компјутери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.