| четврток, 6 декември 2018 |

Братот и чичкото на Емина знаат нешто за убиецот на Јелена

Хасиб Јаховиќ, чичкото на познатата пејачка Емина Јаховиќ, не ни помислувал дека пред 18 дена во куќата можеби има клучен доказ за убиството кое го потресе регионот. Тој поседува снимка на која може да се види убиецот на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, 33-годишната пејачка на „Гранд“ која беше свирепо убиена и фрлена во канал.

17_1000x0

Имено, една од неговите сигурносни камери е насочена токму кон насипот кај Црвенка, каде се случи убиството кое сите ги крена на нозе. Хасиб синоќа даде изјава во полиција.

20_1000x0

– Инспекторите го земаа хард-дискот на кој се наоѓа снимката која конечно може да го расветли убиството на Јелена Крсмановиќ. На снимката би можело да се види ако не лицето на убиецот, барем тоа дали тој ја нападнал тука, или можеби пејачката е убиена и мачена на друго место, а потоа само фрлена во каналот. Барем ќе се види некој сомнителен, но прашањето е што точно забележале камерите – вели соговорник за „Курир.рс“, кој е близок на истрагата која се води со денови.

16_1000x0

Полицијата синоќа со налог за претрес влезе во куќата на чичкото на познатата Емина и ја зема снимката која можеби ќе даде одговор на овие прашања. Воедно, полициските службеници земале и еден пар патики и го пребарале дворот.

19_1000x0

Инспекторите и вчера го пребаруваа насипот, за да дојдат до нови докази.

-Полицајците понесоа квака од врата и патика од братот на Емина. Побараа да им ја отвориме браварската работилницашто е во дворот на Јаховиќ, го гледаа алатото, но ништо посебно не издвоија, објаснува извор од истрагата.

– Полицијата дојде поради камерите. Ништо не знаеме, ништо не сме чуле. По цел ден работиме, изјавила стрината на Емина, Гордана Јаховиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top