Хасиб Јаховиќ, чичкото на познатата пејачка Емина Јаховиќ, не ни замислувал дека пред 18 дена во куќата можеби има клучен доказ за убиството што го потресе регионот. Тој поседува снимка на која може да се види убиецот на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, 33-годишната пејачка на „Гранд“ која беше свирепо убиена и фрлена во канал.
Имено, една од неговите сигурносни камери е насочена токму кон насипот кај Црвенка, каде што се случи убиството што ги крена сите на нозе. Хасиб синоќа даде изјава во полиција.
– Инспекторите го земаа тврдиот диск на кој се наоѓа снимката која конечно може да го расветли убиството на Јелена Крсмановиќ. На снимката би можело да се види ако не лицето на убиецот, барем тоа дали тој ја нападнал тука, или можеби пејачката е убиена и мачена на друго место, а потоа само фрлена во каналот. Барем ќе се види некој сомнителен, но прашањето е што точно забележале камерите – вели соговорник за „Курир.рс“, кој е близок на истрагата која се води со денови.
Полицијата синоќа со налог за претрес влезе во куќата на чичкото на познатата Емина и ја зеде снимката која можеби ќе даде одговор на овие прашања. Воедно, полициските службеници земале и еден пар патики и го пребарале дворот.
Инспекторите и вчера го пребаруваа насипот, за да дојдат до нови докази.
Јелена беше убиена пред три недели во Борча, со 30 удари од дрвена палка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Реши да го сруши интернетот: Карлеуша ја покажа совршената линија
-
Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?
-
Душко годишно ќе заработува 5,8 милиони па ја честеше жената: Јелена Карлеуша купува авион од 2 милиони евра!