| четврток, 6 декември 2018 |

Њукасл и Сити по еден бод, Агуеро во „клуб 100“ (видео)

newcastle-man-city-190416

Њукасл и Манчестер Сити изиграа нерешено, 1-1, во единствениот натпревар вечерва во рамки на 34. коло во англиската Премиер лига.

Гостите од Манчестер подобро го започнаа натпреварот, повеќе напаѓаа и во водство дојдоа во 14. минута, откако Коларов нафрли одлична топка од слободен удар, а Агуеро со глава погоди за 0-1.

Ова беше јубилеен 100-ти гол на аргентинскиот репрезентативец во Премиер лигата. Агуеро постигна 100 голови по одиграни 127 натпревари и од него единствено подобар е легендарниот Алан Ширер кому за „стотка“ му беа потребни три наптревари помалку од Аргентинецот, односно 124.

Покрај тоа, Агуеро е само третиот неевропски фудбалер кој постигнал најмалку 100 голови во Премиер лигата. Покрај него, тоа им успеало уште на Дидие Дрогба (104 голови) и Двајт Јорк (123).

Назад на натпреварот. Домашниот Њукасл сепак успеа да се врати во мечот и да го израмни резултатот 15 минути по примениот гол. Анита одлично се проби по десната страна и ја смести топката во спротивниот агол на голот за 1-1.

Во второто полувреме немаше некоја позабележителна игра од ниту еден тим, Бенитез и Пелегрини се обидоа со неколку измени брзо по почетокот да сменат нешто во играта, но без успех. Резултатот остана непроменет до крајот.

Ова реми повеќе му одговараше на Сити, кој остана трет на табелата со еден бод повеќе од Арсенал, додека Њукасл и понатаму е претпоследен и до крајот ќе води огромна битка со Норич и Сандерленд за опстанок во елитата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top