| четврток, 6 декември 2018 |

Убиено петчлено семејство, меѓу кои и две деца во крвава драма во Илиноис

Петмина се убиени, меѓу кои и две деца во крвава семејна драма во градот Манчестер во американската држава Илиноис. Осомничениот убиец бил убиен подоцна во престрелка со полицијата, јавуваат американските медиуми.

Телата на жрвите биле пронајдени во пет часот наутро по локално време. Очевидци сведочат дека од местото на крвавата драма се оддалечил автомобил со голема брзина. Два часа подоцна полицијата му влегла во трага на убиецот.

–       Разменет е оган, а полицијата во 7.30 часот го привела осомничениот кај кој е најдено поголема количина оружје. Осомничениот е префрлен во болница каде е прогласен мртов, соопштиле тамошните власти.

Убиените биле членови на исто семејство. Меѓу нив имало едно петгодишно дете и едногодишно бебе. Напаѓачот бил идентификуван како Рики Смит (43) кој се борел за старателство со ќерката на 65 годишната Џоан Синклер која исто така била убиена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top