| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Македонскиот народ сака работа и напредок, а не да бидат актери во анархистички филм

Како СДСМ функционира во владата на ист таков начин оваа партија функционира и на улица. Тоа е анархија. Тоа е безредие, безвластие, непочитување на закон, непочитување на правила, непочитување на сопствената држава, на сопствениот народ и сопствените институции и историја, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров за Дневникот на Канал 5.

todorov-kanal-5-3-768x536

-Тоа е филмот во кој што се влезени, филм на анархија, на деструкција и филм на контиунирана криза. Имаат став веројатно дека низ контиунирана криза можат да добијат нешто, да го уплашат народот и како резултат на тоа да дојдат на власт. Тоа нема да се случи. Македонскиот народ е умен, тој знае што бара, знае што очекува од политичарот, кој во државата сака криза? Сите бараат нови работни места, инвестиции во здравство, земјоделие, образование, бараат повисоки плати и повисоки примања. Никој во државата не бара криза, не бара хаос, не бара уништување на објекти, непочитување на институциите.

Тука има една сериозна разлика помеѓу нас и нив, додаде Тодоров, но ова е она што најдобро ја дефинира политиката на СДСМ.

-Затоа би повторил, како функционираат надвор на улиците, така функционираат и во институциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top