| четврток, 6 декември 2018 |

Моден двобој: Дру Баримур и Кејт Мидлтон во ист фустан

Во ист ден, но илјадници километри далеку, Дру Баримур и Кејт Мидлтон носеле идентичен фустан на два разлчни, но многу важни настани.

Војвотката од Кембриџ го одбрала фустанот на Тони Бурч од 1.500 долари за вечера со кралот и кралицата на Бутан. Тоа е само една од станиците во „кралската тура“ со принцот Вилијам.

Истата вечер холивудската актерка Дру Баримур (41) се појавила во ист фустан на една добротворна приредба во Њујорк. Собраните средства од настанот биле наменети за американското здружение за спречување на насилство над животните.

Кејт фустанот го комбинирала со црни сандали и портокалов шал, а Баримур носела беж сандали со платформа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top