| четврток, 6 декември 2018 |

Криминално-политичкото подземје на Заев и Спасовски се обиде да убие полициски службеник

oliver sdsm bliznak45 годишниот Дејан Трајковски познат под прекарот „Близнак“ е осомничен од Министерството за внатрешни работи за сторено кривично дело „Убиство“ по член 123, сторено во обид, брифираат полициски извори.

spasovski gjorceСпоред досега документираните сознанија, во утринските часови на 15.04.2016 година, Трајковски со остар предмет му нанел убодна рана на полицискиот службеник Г.К. кој сеуште се наоѓа во животна опасност. Ударот на Трајковски, бил директно во главата на полицискиот службеник и му ги пробил синусите и черепот. Осомничениот Трајковски кој веднаш по убиството се дал во бегство.

kafanata sdsmДејан Трајковски и претходно и е познат на полицијата и бил пријавуван за разни кривични дела. Тој и неговиот брат важат за блиски соработници на Оливер Спасовски и Зоран Заев, а често се појавуваат во друштво и на портпаролот Петре Шилегов. Двајцата се дел од структурите на СДСМ кои ги реализираат насилните сценарија на Заев.

zajko i trajkovski bliznakВо моментов Дејан Трајковски – близнак е недостапен за органите на прогонот и полицијата се уште трага по него.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top