Огромната подршка од навивачите во „Комбанк арена“ не и помогна на Црвена Звезда да направи сензација против шесткратниот освојувач на круната во Евролигата ЦСКА од Москва. Рускиот клуб влезе во натпреварот со 2-0 предност, а победата во белградската „Арена“ ја сведе на рутина и си закажа ново полуфинале, 14. по ред, во европското клупско натпреварување.
Она што го одбележа мечот, покрај крајниот резултат, беа и скандирањата на гласните „делии“ кои во текот на целиот меч го навредуваа капитенот на српската национална селекција Милош Теодосиќ кој е во редовите на ЦСКА од 2011 година. Навредите ескалираа со физички напад врз плејмејкерот додека влегуваше во соблекувалната.
На видеото кое го објави српски „Телеграф“ јасно се гледа исфрустриран навивач на „црвено-белите“ како чека Теодосиќ да се доближи, па преку обезбедувањето фрла шише со вода кон него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)