| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена е убиена седум минути по разговорот со мајка и!

убиБелградската полиција секојдневно го чешла насипот во борчанската населба Црвенка, по кој Јелена таа кобна сабота на 2 април го истрча последниот круг, а инспекторите во меѓувреме и временски го реконстурираат целиот настан и утврдиле дека свирепото убиство е направено најмногу седум минути по последниот разговор што го направила тоа попладне, а тоа бил разговорот со мајката Зорица.

уби2

Јелена ѝ рекла на мајка ѝ дека ќе истрча уште еден круг и дека ќе дојде кај неа, а полицијата се обидува да утврди што точно од збор до збор ѝ кажала на мајка ѝ , дали сѐ уште ќе трча, дали е сѐ уште на насипот… Полицијата верува дека од голема корист ќе биде точното пренесување на разговорот бидејќи ако на мајка ѝ тогаш ѝ споменала дека е на насипот, тоа значи дека убиецеот ја усмртил седум минути после тоа, токму на тоа место.

Ако не, постои можност по разговорот да е грабната, одведена и убиена на друго место, а нејзиното тело после тоа да е фрлено во каналот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top