| четврток, 6 декември 2018 |

Продавале бебиња за 1.500 долари

Полицијата во индиската сојузна држава Мадја Прадеш откри „фарма за бебиња“ во приватна болница каде за 1.500 долари биле продавани и менувани бебиња, пишува „Раша Тудеј“.

Локалните медиуми наведуваат дека тоа биле бебиња што ги родиле силувани жени или жени што имале незаконски односи, а биле продавани во болницата „Палаш“.

Полицијата засега спасила две бебиња од болницата „Палаш“ во округот Гвалиор во Индија, додека најмалку три бебиња се продадени на двојките кои немаат деца.

Тие извршиле претрес во болницата во саботата вечер кога добиле известување за трговија со новороденчиња.

Против пет луѓе покренати се обвиненија. Помеѓу нив е и директорот на болницата. Тие се товаррат за купување и продажба на робови, а обично ропството и купувањето на малолетник доведува до поврзување со проституција.

Полицијата објасни како изгледа продажбата на бебиња.

– Кога девојките или нивните родители ќе се обратат со желба да се прекине бременоста, докторите во болницата ги уверувале дека ќе им обезбедат сигурно и тајно породување. Кога мајката ќе го роди бебето и ќе ја пуштат од болница, болницата се пуштала во потрага за лековерни парови кои би можеле да купат бебе – наведуваат од болницата.

Во една прилика новородено девојче го замениле со момче. Полицијата моментално е во потрага по двојките кои купиле бебе како и за продадените бебиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top