Убиството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33) било внимателно планирано најмалку два месеца, пишува денешниот српски „Курир“. Повикувајќи се на извори блиски од истрагата, весникот тврди дека убиецот имал личност која му помагала низ месеците да го направи планот. На сето тоа укажува добро осмисленото киднапирање, убиството, кое било испланирано до најмал детаљ, како и тоа што убиецот не оставил трага.
Исто така, целото семејство оваа недела повтрно ќе биде однесено на испрашување и на полиграф.
– Убиецот имал најмалку едно лице кое му помагало и тие детално се подготвиле за чинот – вели изворот.
Според досегашната истрага, начинот на кој е убиена Јелена со триесетина удари од дрвена палка укажува дека убиецот ја познавал и ѝ ги знаел навиките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија