За семејствата Петрови и Петкови од Кратово денес е среќен ден, ги добија клучевите од новите домови во Кратово. Не можеа да ја сокријат радоста за решавањето на ова животно прашање.
Најмногу се благодарни на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со кого се сретнале при последната посета во Кратово која беше на крајот на февруари и го истакнале својот проблем.
Груевски ветил дека ќе се разгледаат процедурите и законските можности со цел да се добие трајно решение. За помалку од два месеци тие денес ги добија клучевите од становите во Кратово.
Шесточленото семејството на Ѓоргија Петров живеело заедно со други три семејства во еден заеднички стан, а денес тој доби стан од 76 м2.
Второто семејство кое доби стан е семејството на Бобан Петков. Пред овој среќен ден, тој 15 години живеел под кирија.
Клучевите ги додели директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов, откако претходно позитивно се изјаснила Комисијата за стамбен простор при Владата утврдувајќи дека биле исполнети сите законски процедури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)