| четврток, 6 декември 2018 |

Фризерката остана без имот

Судот замрзна два стана на семејството на фризерката Благица Дончевска. Становите од 75 и 43 квадрати се наоѓаат во населбата Ново Лисиче, пренесе Канал 5 телевизија.

Купопродажните договори за становите биле на име на мајката на Дончевска, преговорите за купување на становите ги вршела Дончевска а парите биле исплатени од сметката на нејзиниот татко велат од кривичниот суд за Канал 5.

На предлог на јавното обвинителство истражниот судија денеска издал решение за привремено обезбедување на имот за кој постои сомнение дека претставува принос од кривично дело велат од судот. Сомнежите на надлежните се дека овие два стана биле купени со парите од измамените граѓани.

Замрзнувањето имот е привремена мерка која се употребува  до правосилност на судската постапка и е основа за евентуално обесштетување на измамените зависно од исходот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top