| четврток, 6 декември 2018 |

Принс итно префрлен во болница

Американскиот пејач Принс итно е префрлен во болница откако му се слошило во авион.

296474-prins-so-nov-album-vo-septemvri

57-годишниот пејач за време на летот се чувствувал лошо, а неговиот приватен авион принудно слетал во Илиноис.

Пејачот веќе неколку недели боледува од грип, а последните денови успешно закрепнувал и дури одржал концерт во Атлантна, кој, според зборовите на обожавателите поминал беспрекорно.

Откако го завршил концертот, Принс заминал со авион каде по два часа и му се слошило.

Иако нема информации што навистина се случило, близок извор навел дека пејачот е пуштен на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top