| четврток, 6 декември 2018 |

Лани во Аеродром биле родени рекордни 752 новороденчиња

Општина Аеродром во текот на 2015 година доделила рекордни 752 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња, од кои  358 за машки деца, а 394 за женски деца.

Како што соопшти општина Аеродром, од нив 406 се првородени деца, 280 се второродени, во 58 семејства има трето дете, шест се четвртородени и едно е шестто дете.

За разлика од претходните години во 2015 година најчесто име што им се давало на девојчињата од општина Аеродром е Јована, а кај момчињата Петар. Исто така, има и многу деца кои се викаат Михаил и Михаела, Ана и Јана, како и Марко и Лука. Меѓу новородените има и деца што имаат ретки имиња како што се Миња, Мина, Делфина, Маркијан, Калист, Калија, Нестор, Василиј, Звездан, Зафир…

Општина Аеродром, како што се наведува во соопштението, и годинава продолжува со акцијата за доделување еднократна помош на секое семејство со новороденче во висина од  5.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top