Во Одделението за физикална терапија во рамките на Клиничка болница-Штип во употреба e реновираниот базен за пациентите кои ги користат лековите води. Економскиот менаџер на Клиничка болница-Штип, Елизабета Папарова, вели дека под надзор на физотерапевтите дневно базенот го користат од 150 до 200 пациенти од Штип и останатите региони во земјава.
– Инвестицијата е во вредност од два милиони денари, средства издвоени од сопствениот буџет на Клиничка болница-Штип. Ние како директори на болницата имаме поставено за цел да се реконструираат сите простории каде што се лекуваат пациентите. Во планот за 2017 година предвидено е реконструкција на просторијата, каде што пациентите се рехабилитират во кади со топла минерална вода – вели Папарова.
Таа забележа дека минералната вода на „Кежовица“ што се користи во физикалната терапија е позната по својата радиоактивна лековитост. Температурата на водата во новиот базен достигнува 62 степени. По лековитост е слична со Карлови Вари. Овде лек се наоѓа за многу болести како ишијас, спондилоза, фрактури и стерилитет. Одделението за физикална терапија на почетокот на годината доби нови апарати, а во моментов и двајца лекари се испратени на специјализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.