| четврток, 6 декември 2018 |

Четири победи на домаќините во НБА плејофот (видео)

Екипите на Сан Антонио, ЛА Клиперс, Мајами и Кливленд забележаа победи на стартот од плејофот во НБА лигата.

klivlend

Додека првите три екипи лесно и убедливо славеа над противниците, Кливленд се намачи во дуелот со Детроит, но на крај Леброн Џејмс и другарите се радуваа на триумфот од 106-101.

Минатогодишниот финалист на искуство ја извлече првата победа во серијата, а најзабележлив беше Кевин Лав со 28 поени, дополнети и со 13 скока. Одличен беше и Кајри Ирвинг со 31 поен, пет скока и шест асистенции, додека Леброн Џејмс запиша „дабл-дабл“ од 22 поени и 11 асистенции.

На спротивната страна, во редовите на Детроит, Калдвел-Поуп постигна 21 поен, еден повеќе од Реџи Морис, додека Андре Драмонд повторно имаше 13 поени и 8 скока. Реџи Џексон застана на 17 постигнати поени.

Вториот меч на програмата е во четврток од 2 часот наутро по средноевропско време, исто така во Кливленд.

Мајами на домашен терен го демолираше Шарлот со 123-91. Луол Денг го предводеше Мајами со 31 поен, додека на спротивната страна Николас Батум запиша 24 поени.

Сан Антонио го прегази Мемфис, победувајќи со 106-74. Еден од најголемите фаворити за освојување на титулата без поголеми проблеми стигна до очекуваниот триумф, предводен од Кавхи Леонард со 20 поени. Од другата страна, искусниот Винс Картер беше најефикасен со 16 поени.

ЛА Клиперс, исто така, без поголеми проблеми го совладаа Портланд со 115-95. Блескаше Крис Пол со 28 поени и 11 асистенции, а „дабл-дабл“ ефект имаа уште и Блејк Грифин (19 поени и 12 скока) и ДеАндре Џордан со 18 поени и 12 скока, додека кај гостите Дамиен Лилард постигна 21 поен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top