| четврток, 6 декември 2018 |

Убиство во село Слепче, демирхисарско

lovna puska

Попладнево околу 16 часот во селото Слепче, Демир Хисар, Аце З. по претходна расправија со ловечка пушка испукал еден патрон кон својот пријател од истото село, Гоге С. при што го погодил во градниот кош.

Гоге со тешки телесни повреди веднаш бил префрлен во Здравствениот дом во Демир Хисар но подоцна им подлегнал на повредите.

Сторителот Аце З. веднаш е приведен во локалната полицска станица а неговата ловна пушка е земена за вештачење. Од полицијата ја потврдуваат ова информација и велат дека увидот се уште е во тек

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top