Јоце Панов ќе настапи на реномираниот фестивал „Сунчане скале“ кој ќе се одржи на 29-ти јуни во Херцег Нови, Црна Гора. Оваа година фестивалот ќе има само една вечер, а во неа ќе настапат ѕвезди од балканот. Јоце Панов со песната „Теби није стало“ настапи на фестивалот во 2011-та година.
„За сега само можеме да ги потврдиме информациите дека Јоце Панов ја прифати поканата за учество на фестивалот „Сунчане скале“, а таму ќе настапи со емотивна балада за која сме уверени дека нема да Ве остави рамнодушни. Како автори зад песната се потпишуваат познати балкански имиња, но нив ќе ги држиме во тајност се додека песната не биде комплетно завршена“ – известува менаџерскиот тим на пејачот.
Во меѓувреме Јоце е актуелен со своите настапи во Црна Гора, каде што публиката одлично го прифати. За да бидете во тек со сите настани на пејачот, следете го на неговиот втор профил на фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.