Со подигање на фестивалското знаме и официјално почна годинешното 29. издание на музичкиот фестивал „Макфест“ во Штип.
– Годинава, фестивалот ќе биде поинаков од другите години зашто за прв пат изведувачите ќе пеат во живо, а нив на сцената ќе ги придружува ревискиот оркестар на Македонската радиотелевизија. Мојата желба е овие композиции да имаат долг век на слушање, да останат запаметени. Победата му ја посакувам на најдобриот,
изјави градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев.
На „Макфест“ ќе бидат изведени 30 композиции во две фестивалски вечери. Една од новините е тоа што заедно со пеењето на плејбек, од годинава во историјата заминува и гласањето на жири комисијата и публиката.
Вечерва е првата фестивалска вечер, на која прв ќе настапи штипјанецот Јоце Панов со песната „Само немој да молчиш“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.