| четврток, 6 декември 2018 |

Самарџиски со Бујукчекмече на чекор од плејофот во турското првенство

samardziski

Знаејќи што ќе значи евентуална победа над денешниот противник, кошаркарите на Бујукчекмече во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски, ја најдоа силата во себе за да издржат едно продолжение по кое славеа над Галатасарај со 94-89 (17-22, 23-14, 22-28, 19-17, 13-8). По новите освоени бодови, Самарџиски и Бујукчекмече се на само еден бод од пласман во плејофот во турската Суперлига.

Во натпреварот од огромно значење за неговиот клуб, репрезентативниот центар за 19 минути на паркетот забележа девет поени (4/5 за два поени, 1/1 за еден поен) на кои придодаде осум скокови и две асистенции. Најефикасен на натпреварот беше Брендон Рол кој постигна 25 поени.

Во наредното коло, Самарџиски и Бујукчекмече ќе се борат за нови бодови со кои би се пласирале во годинашниот плејоф на гости кај Банвитспор кој со петтото место веќе обезбеди пласман во разигрувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top