| четврток, 6 декември 2018 |

Мекејлеб пред потпис со Галатасарај

Поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб се наоѓа пред потпис со турскиот Галатасарај. Според турските медиуми договорот е пред реализација и се очекува да биде обелоденет во следните неколку дена.

Галатасарај и во минатото пројави интерес за Мекејлеб, но сега е идеална шанса да го врати во турската кошарка. Откако му истече договорот со Гран Канарија, Американецот кој настапуваше на две Европски првенства за Македонија, имаше неколку понуди да бира каде ќе ја продолжи кариерата. Во Галатасарај Мекејлеб треба да потпише договор на една сезона со опција за уште една една.

Со 10,2 поени, 1,2 скока и 4,8 асистенции, Мекејлеб ја доведе Гран Канарија до полуфиналето на Еврокупот, а го освои и Суперкупот на Шпанија. Освен за клубот од Канарските острови, Мекејлеб го носеше дресот на Meрсин, Партизан, Монтепаски, Фенербахче, Баерн и Лимож.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top