Форензичарите, полицијата и работниците на „Србијашуми“ завчера го пребаруваа каналот во населбата Црвенка во кој пред две недели е пронајдено безживотното тело на пејачката Јелена Марјановиќ.
Во полицијата на сослушување е донесена и поранешната сопруга на Зоран, Сања П , а како што пренесуваат медиумите таа била вознемирена затоа што од порано лично ја познавала Јелена која подоцна се омажила за нејзиниот поранешен сопруг.
-Сања тврдела дека Зоран бил грижлив и прекрасен сопруг, но дека се разделиле кога сфатиле дека помеѓу нив повеќе нема љубов. Никогаш не бил груб и поради тоа таа тврдела дека тој не е ја убил Јелена која премногу ја сакал – кажал извор близок на истрагата.
Истрагата покажала дека пејачката не се бранела од убиецот – заклучиле надлежните врз основа на фактот дека под ноктите на убиената жена не се најдени траги кои би укажале на тоа дека Јелена се борела со убиецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.