| четврток, 6 декември 2018 |

„Кралот на земјата“ Надал, повторно блесна во Монте Карло

Рафаел Надал уште еднаш потсети зошто е „кралот“ на земјените терени, откако во десеттото финале на мастерс-турнирот во Монте Карло ја освои и деветтата титула во кариерата.
На омилениот турнир на Шпанецот тој денеска во финалето имаше достоен противник во имаето на Гаел Монфис. Надал славеше со 2-1 (7-5, 5-7, 6-0) во сетови со што ја освои 28.мастерс титула во кариерата.

Воедно ова беше 100.финале на турнирите на Надал. Монфилс му даде неверојатен отпор на Надал во првите два сета. Шпанецот го освои првиот со 7-5 во гемови, но Монфилс на идентичен начин возврати во вториот сет. Сепак, потоа Надал уфрли во поголема брзина и го збриша Монфилс во третиот сет, добивајќи го со максимални 6-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top