По шокот кој го доживеа во Ливерул во рамките од Лигата на Европа и поразот од 4-3, екипата на Борусија Дортмунд со преполовен состав успеа да стигне до рутинска победа над Хамбругер од 3-0 во рамките од 30.коло во Бундеслигата.
На „Сигнал Идуна Парк“ со победата сеуште теоретски ги одржува шансите за титулата во Бундес-лигата. Сега „милионерите“ имаа седум бода негатива во однос на Баерн Минхен на четири кола до крајот на шампионатот.
Кристијан Пулишиќ и Адријан Рамос пред крајот на првото полувреме постигнаа погодоци за водство од 2-0, а Хамбургер во 52.минута остана и со играч помалку поради исклучувањето на голманот Адлер. Во завршницата, Рамос уште еднаш стрелаше во противничката мрежа, за конечни 3-0.
Borussia Dortmund VS Hamburger – All Goals… by lyrics-group
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)