| четврток, 6 декември 2018 |

Меч за инфаркт во Лестер, Варди од херој за малку трагичар (видео)

Лестер ремизираше на домашен терен со Вест Хем (2-2) и му дава нова шанса на Тотенхем да се приклучи во битката за шампионската титула. Џејми Варди во 18.минута го отвори резултатот, но во 56.минута заработи втор жолт картон за симулирање и беше исклучен, а Вест Хем тоа го искористи и потоа постигна два гола за триумф. Енди Керол од пенал израмни на 1-1 во 84.минута, а само две минути подоцна Арон Кресвел донесе водство за „чеканите“ од 1-2. Но, во петтата минута од судиското продолжение беше досуден пенал за Лестер, а го реализираше Леонардо Улоа.

Сега на табелата во Премиерлигата на четири кола до крај Лестер има осум бодови предност но и натпревар повеќе пред конкурентот Тотенхем кој утре гостува кај Стоук.

Во вториот натпревар во терминот од 14.30 часот, Ливерпул продолжува со серијата на победи успевајќи да освои три бода на гостувањето кај Бурнемаут (1-2) .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top