| четврток, 6 декември 2018 |

Местото на хоророт и мачењето: Тука е пронајдено телото на Јелена Марјановиќ (фото)

Убиството на пејачката Јелена Марјановиќ се уште го тресе регионот. Од ѕверското убиство на пејачката поминаа 15 дена, а разрешувањето на бруталното убиство не е ниту на повидок.

jelena-krsmanovic-marjanovic-zoran-marjanovic-1460145309-882557iuluilu

Истрагата и обдукцијата покажаа дека пејачката била жива неколку секунди откако била фрлена во каналот.

Таа била претепана и черепот и бил смачкан што е и причината за смртта.

Екипата на српски Телеграф  го фотографирала местото кае било фрлено телото на пејачката. Насипот е оддалечен неколку километри од куќата во која таа живеела со семејството.

IMG_20160417_114008-670x446-copy-620x350

До сега се појавија неколку теории околу убиството на пејачката. Едни сметаат дека во целиот злостор е вмешано семејството, другите дека не е убиена на насипот, туку дека тука само е фрлено нејзиното тело, а некои пак мислат дека ја убил љубовник.

Форензичарите и полицијата секојдневно истражуваат во повеќе насоки. Така фокусот од истрагата  на насипот се проширило  до стадион во Црвенка со оглед дека досегашната истрага не покажала трагови од убиецот.

Последна сослушана е Сања, поранешна сопруга на Зоран, која за него имала само пофални зборови и тврди дека тој нема врска со убиството на Јелена.

IMG_20160417_114356

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top